Шредер: ЕУ допринесе за поделба на Украина

Европската унија допринесе во поделба на Украина со ставот дека договорот за здружување со европскиот блок е неспоив со договорот за Царинска унија меѓу Киев и Москва, изјави порнашениот германски канцелар Герхард Шредер во интервју за радиото „Европа 1“

Тој го критикуваше НАТО, бидејќи, како што оцени Алијансата нема политичка намена и нејзино дејствување денеска не допринесува во зајакнување на довербата, туку напротив создава се повеќе напнатост.

Методите за решавање на украинската криза „ треба да биде дипломатска“, изјави Шредер.

Поранешниот германски канцелар категорично се изјасни против обидот за излоација на Русија и против откажување од учество на Самит на грпата 8 во Сочи.

„Во услови на ваква криза, погрешни се мерките кои ја одземаат можноста за водење на дискусии,“ нагласи Шредер.