Штајнамјер: Излегување на Грција од еврозоната е во спротивност со европската идеја

Евентуланото излегување на Грција од еврозоната е во спротивност со европската идеја, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајмајер, објави МИА.

– Ме вознемирува тоа што некои луѓе многу лекомислено патот за надминување на грчката криза го бараат во излегување на земјата од еврозоната, изјави Штајнмајер.

Изјавата на Штајнамејр следи откако весникот „Фајненшел Тајмс“ објави дека грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на земјата, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите.

Владата, која брзо ги троши парите за исплата на платите на државните службеници и пензиите, одлучи да се откаже од враќање на долгот од 2,5 милијарди евра кон Меѓдународниот монетарен фонд, што треба да бидат вратени во текот на мај и јуни, доколку не биде постигната спогодба, неведе весникот

– Стигнавме до крајот на патот. Ако Европејците не префрлат пари од фондот за финансиска помош, нема да има алтернатива, освен банкрот, изјавил за весникот анонимен претставник на грчката Влада

Меѓутоа, грчки владини извори одговарајќи на написот во „Фајненшл Тајмс“ негира дека Грција се подготвува за банкрот, додавајќи дека преговорите интензивно продолжуваат со цел да се најде заемно прифатливо решение до 24 април.

– Она што се чини дека ги вознемирува сите е што грчката Влада е решена да стави крај на политиката на штедење, а прашањето за развој да го стави високо на европската агенда. Со нетрпение чекаме да ја видиме статијата што „Фајненшл Тајмс“ ќе ја објави на 25 април, изјави висок претставник на грчката Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.