Штајнмаер: Специјалниот суд за воени злосторства на Косово е позитивна вест

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави во Приштина дека формирањето на Специјалниот суд за воени злосторства, извршувани на Косово е во полза за идните генерации, јави Танјуг.

– Косово прави нешто добро за историјата и за идните генерации, решавајќи ги прашањата поврзани со тој суд. Специјалниот суд не е лоша, туку добра вест, истакна Штајнмаер на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Иса Мустафа.

Мустафа од своја страна изјави дека се очекува следната недела меѓународната група експерти да пристигне на Косово за да разговара со локалните власти за идниот закон за формирање на Специјалниот суд, а набргу потоа законот ќе биде ставен на гласање во Парламентот.

Штајнмаер, кој пристигна во Приштина од Белград се сретна и со косовскиот министер за одбрана Хашим Тачи.

По средбата Тачи изјави дека Косово и Балканот се мошне важен дел од германската надворешна политика, а Германија е еден од клучните партнери на Приштина.