Свет

Штајнмаер: Постои можност за напредок во решавањето на украинската криза

Штајнмаер: Постои можност за напредок во решавањето на украинската криза

Постои можност во 2015 та година да се направи напредок во решавањето на украинската криза, изјави германскиот мин истер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во интервју за весникот Welt am Sonntag кое ќе биде објавено во Недела, пренесе ТАСС.

– Веројатно, ќе биде понудена нова шанса во новата година за да се постигне напредок во решавањето на кризата во Украина, се вели во извадоците што весникот ги објави како дел од интервјуто со германскиот министер.

Според него Договорот за прекин на огнот во Минск постигнат помеѓу проукраинските и силите во Доњецк и Луганск треба „да ја постават основата за активностите на сите страни“.