Македонија

Штандови на АВРМ на улица „Македонија“ за проектот „Македонија вработува“

Штандови на АВРМ на улица „Македонија“ за проектот „Македонија вработува“

Граѓаните на Скопје утре подетално ќе може да се запознаат со можностите за вработување во рамките на Проектот „Македонија вработува“.

Утре на улица „Македонија“, во периодот од  11 до 15 часот, тимови од Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе имаат поставено штандови на 3 локации (пред споменикот на Цар Самоил, кај продавницата на Краш и кај Спомен – куќата на Мајка Тереза).

Заинтересираните граѓани ќе може да ги обезбедат сите информации во врска со учеството во Проектот.