Штефан Фуле денеска повторно ќе патува во Киев

Европскиот комесар за проширување и за политика спрема соседите Штефан Филе, денеска повторно ќе замине во Киев во обид да ја реши политичката криза во Украина, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.

„За да го истакнеме нашиот ангажман спрема Украина, Филе денеска повторно заминува во Киев за да допринесе во изнаоѓање на решение за кризата,“ изјави Стано.

Филе во петокот и саботата престојуваше во Киев каде што разговараше со претседателот Виктор Јанукович и претставниците на опозицијата. Притоа истакна дека од украинските власти очекува конкретни чекори за запирање на спиралата на насилство и застрашување.

Високата претставничка на ЕУ за надворешнa политика и безбедност Кетрин Eштон во четвртокот и петокот  се очекува да престојува во Киев за да посредува во дијалогот во целта за пронаоѓање на политичко решение.