Штерјов е петтото засилување за Куманово

КК Куманово не престанува да го засилува својот ростер, а најновото засилување на кумановци е поранешниот играч на МЗТ Скопје, Вардар и веќе Кожув, Александар Штерјов.

Играчот кој настапува на центарската позиција е петтото засилуваање на Куманово, откако претходно пристигнаа Џанер Осман, американците Брајан Оливер и Тајлер Хајнс и црногорскиот бек Радоје Вујошевиќ.

Новиот тренер на тимот Игор Михајловски ќе располага со одличен тим во обидот најпрво да се пласира во Супер лигата, а потоа и во пејофот.