Штетите од поплавите само во земјоделството ќе биде половина милијарда евра

Директната штета поради губење на годинешниот род во земјоделското производство може да достигне половина милијарда евра, изјави денеска српскиот агроекономист Миладин Шеврлиќ.

„Ако е точна проценката дека со поплавите се опфатени 10 отсто од земјоделските површини, тогаш директната штета поради губење на годинешниот род во земјоделското производство ќе изнесува половина  милијарда евра,“ изјави Шеварлиќ за РТС.

Но штетата според него е далеку поголема, во уништена стока, механизација, објекти, а и индиректни губитоци кои ќе се јават поради губење на можноста за производство во наредните години. Таму каде што се уништени повеќегодишните посеви или објекти кои нема да можат да функционираат во релативно краток временски период.

Најголема улога во санирање на штетата ќе имаат советодавците во областа на земјоделието, кои се многу малку.

„Поради тоа, му предлагам на Министерството за земјоделство да ангажира невработени агрономи кои до август 2012 беа асистенти советодавци според програмата „Нашето знаење до ваше имање“. Верувам дека голем број од нив ќе се пријават како волонтери за да помогнат на тие подрачја,“порача Шеварлиќ.

Тој напомена дека меѓу нив има околу 150 стручњаци за мелиорација, кои можат да помогнат во санацијата и другите проблеми кои се јавуваат не само во земјоделското производство туку и севкупниот развој на селскоот подрачје.