Македонија

Штип ќе добие типски трафики

Штип ќе добие типски трафики

Општина Штип избра типско решение за изгледот на киосците кои приватни лица ќе ги поставуваат низ градот. Сите сопственици на киосци ќе треба да ги набават овие типски траифики од фирмата „Алмонт“, која го изработи идејното решение за објектите. Унифицирањето на продажните траифики е дел од заложбите на градоначалникот и локалната самоуправа за уредување на локациите каде се поставени и ќе се поставуваат нови трафики.

Согласно одлуката на Советот на Општина Штип, постојат две можности за поставување на ваквите типски трафики. Заинтересираните субјекти, можат сами да ја купат трафиката од „Алмонт“ и по претходно добиено решение за поставување, објектот  можат сами да го постават. Втората опција овозможува Општина Штип да ги набави и постави трафиките и преку соодветна процедура да ги изнајмува на заинтересирани корисници кои за тоа ќе плаќаат соодветен надомест.

Првата типска трафика која е поставена спроти хотелот „Оаза“ ќе биде поставена според вториот принцип, истата ќе ја опреми општината а ќе следи објава на конкурс, и спроведување на постапка за лицитација. Почетната цена е лимитирана на 3000 денари. Останува дозавршување околу електричната и водоводната инсталација по што ќе следи соодветна постапка преку конкурс.