Штип: Објавени огласи за киосци и паркинзи

Општина Штип почна со издавање под концесија на паркинг места во централното градско подрачје, пренесува МИА.

Портпаролот на општината Драган Ристов изјави дека првата објава се однесува за место со површина од 343 метри квадратни кај Трговскиот центар и оти закупот на паркинг просторот ќе биде во рок од пет години, а закупнинатата за една година ќе треба веднаш да се плати.

Почетната цена за јавното наддавање изнесува 60 денари за м/2 месечно.

Заинтересираните треба да достават писмени понуди најдоцна до 31 март до 11 часот во општината или по пошта на адресата ул. „Васил Главинов“ број 4Б.

Општината денеска објави и оглас за поставување на урбана опрема, со почетна цена од едно евро за метар квадратен. Понудени се 12 локации за поставување на урбана опрема, односно киосци за весници, храна, цвеќе и свеќи.

Понудите, како што информира Ристов, треба да ги достават понудите најдоцна до 30 март.