Штип подготвен за второто училишно полугодие

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев денес оддржа состанок со директорите на основните и средните училишта. На средбата присуствуваше и овластениот просветен инспектор. Целта на средбата на градоначалникот со директорите беше да се утврди како течат подготовките околу стартот на второто полугодие во учебната 2014/2015 година, пренесува „1.мк“.

Според искажаното, се е подготвено за успешен старт на второто полугодие во штипското образование и не се детектирани посериозни пролеми кои можат да го доведат во опасност стартот на учебната година. Заклуокот е дека сите активности во оваа насока се завршени и од 20 јануари наставата ќе започне без никаков проблем.

Обезбедена е нафта за греење, измирени се финансиските обврски на локалната самоуправа во поглед на превоз за учениците а раководствата на поедини училишта спроведоа и низа зафати за подобрување на инфраструктурата во училиштата. На 20 јануари, 6532 ученика, од кои 4045 во основното и 2487 во средното образование се враќаат во образовните клупи во Штип.