Штип: Приведени две лица за напад на полицајци

СВР Штип приведе две лица поради напад врз полициски службеници. Имено, на 22.април на ул. „Маршал Тито“ во Штип при вршење на сообраќајна контрола од страна на полициски службеници од СВР Штип по предходно констатиран сообраќаен прекршок бил запрен моторцикл „Сузуки“ без регистарски ознаки управуван од А.Ш.(29) од с.Радње, општина Карбинци, по што истиот започнал  да навредува еден од полициските службеници, оневозможувајќи го да преземе службено дејствие.

Од страна на уште двајца полициски службеници било интервенирано при што истите биле физички нападнати од страна на С.Ш.(26) исто така од с.Радање. Лицата се приведени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.