Штип викендов по втор пат домаќин на “Wake Up Music Festival”

На 19,20 и 21 ви Септември 2014 година по втор пат ќе се одржи „Wake Up Music Festival“ Vol.2, настан за љубителите на електронската и хип-хоп музиката, со настап на реномирани музички имиња, со цел да се достигне врвот на клубската сцена во регионот.

Концептот на овој музички фестивал е три дневна богата музичка програма која ќе стартува со отварање на фестивалот во петок 19ти Септември со пре-парти во 22:00 во “Кафе бар Гужва “ со настап на добропознатиот на штипската публика DJ Vasile за потоа забавата да се префрли во 00:00 часот во “Club Mystic”. Првата вечер е посветена на електронската музика со настап на двајца DJ-и од македонската клубска сцена : Iceberg и DJ Борче Панов ,a како ексклузивен гостин на вечерта, специјално од Италија ќе настапи DJ Deborah De Luca.

Вториот ден од фестивалот продолжува на 20ти Септември – Сабота во 12:00 часот напладне во “Кафе бар Гужва “ започнувајки со DJ Андреј Ѓошев на после кого во 14:00 часот ќе се надоврзе DJ Nick Kappa од Грција. Дневната забава завршува во 16:30 часот. Забавата повторно продолжува на 20ти Септември – Сабота во 22:00 со пре-парти во “Кафе бар Гужва “ со DJ сет на Тони Зен , а потоа пак се префрла во 00:00 часот во “Club Mystic” . Оваа вечер ќе биде посветена на љубителите на хип-хоп музиката со настап на хип-хоп Dj-и и live настапи на артисти од Македонија и странство. Достојно и репрезентативно,оваа вечер со DJ- сет ќе настапи DJ Pips од Република Хрватска . По него како специјални гости на вечерта свој live настап ќе имаaт добро познатите Еdo Majka од Босна и Херцеговина и Kandzja од Република Хрватска. Завршниот збор на оваа вечер ќе го даде DJ Панчо – DNK од Македонија.Фестивалот завршува на 21ви Септември – Недела во “Кафе бар Гужва” со сет на DJ Denny Begic , започнувајки во 12:00 напладне .

По успешноста на “Wake Up Music Festival” Vol.1 кој беше еднодневен и посетен од 1500 посетители, овојпат со проширувањето на фестивалот и временски и просторно на на “Wake Up Music Festival” Vol.2 се очекува посетеност од 3000 до 4000 посетители. Водени од претставената цел за комплетно остварување мисијата на организаторите, загарантирано е највисоко ниво на организација на фестивалот надополнета со аудио и визуелни елементи и професионална пиротехника.