Штипјанец дома криел 7.850 петарди

Полицијата заплени 7.850 петарди од домот на штипјанец.

Според информациите од  Министерството за внатрешни работи, вчера, во рамки на контролите кои полицијата редовно ги спроведува на територијата на Македонија извршен е претрес на домот на 35-годишниот М.Н во Штип.

Полицијата кај него пронашла и запленила 7.851 разновидни петарди кои биле наменети за продажба на црно.