Штипјанец фатен како продава марихуана

Штипската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Штип за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 2 октомври 2014 година, на улица Иво Лола Рибар во Штип, полицаец го забележал пријавениот заедно со уште едно лице од Штип, како на земја фрлил целофанска паковка во која имало 2,11 грама марихуана.