Македонија,Крими хроника

Штипјанец го злоупотребувал безвизниот режим

Штипјанец го злоупотребувал безвизниот режим

СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.И.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

Имено пријавениот во временски период од 2011 заклучно со 2014 година со цел да се стекне со противправна имотна корист, поттикнувал и организирал патување на поголем број државјани на Република Македонија во државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор, со цел лицата да се стекнат со социјални и економски права спротивно на прописите на Европската унија и на Шенгенскиот договор.

Пријавениот транспортот на граѓани од општина Штип го вршел со возило „ Шаран“ на начин што им ветувал дека ќе добијат стаус на азиланти во држава на ЕУ, за што противправно им наплатувал парични средства од 400-500 евра.