Штипјанец ја оштетил општинската каса за над 2 милиони денари

Кривична пријава против З.С.(43), одговорно лице во Здружението-Центар за институционален развој „Цира“-Скопје поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал за сторено кривично дело „затајување“.

Како што соопшти МВР, во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година пријавениот во својство на одговорно лице во рамките на реализација на програмата „Форуми во заедницата“ во општина Штип финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, противправно присвоил 2.400.000 денари во корист на Здружението, а кои средства имал обврска да ги исплати на сметката на општина Штип.