Штипјанец крадел даски од работа

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г. Д. (37) од Штип, за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, вработен како возач во фирмата „Мидекс Транс“ ДООЕЛ експорт-импорт од с.Глишиќ-Кавадаречко, во јули 2014 година противправно присвоил 11,4 метри кубни градежен материјал-даски, кои потоа ги продал на фирмата ДПТУ „Градба Интернационал“ ДОО-Штип, при што во три наврати со каса исплати, на Г.Д. му биле исплатени 118.560 денари, кој противправно ги присвоил.