Штипјанец плаќал со фалсификувани евра

Со фалсификувани евра плаќал пијачки во дискотека.

Штипјанец си заработи кривична пријава бидејќи пијачките во дискотека ги плаќал со фалсификувани евра.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 28-годишниот П.Ј. од Штип кој фалсификувал евра.
Според информациите од полицијата, штипјанецот во декември минатата година во дискотеката „Мистик“ пријавениот со фалсификувана банкнота од 100 евра му платил на келнерот за испиените пијалоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.