Штипјанец претепал повозрасен сограѓанин

Триесет и петгодишен штипјанец претепал негов сограѓанин.

По претходна расправија настанала тепачка помеѓу Џ.И.(60) и Н.Ш.(35), двајцата од штипското село Кучица, при што  на Џ.И.  му биле нанесени тешки телесни повреди во пределот на главата, додека Н.Ш.  бил телесно повреден. По ова, на Џ.И. и Н.Ш. им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Штип, каде Н.Ш. е задржан на лекување, а Џ.И. поради сериозноста на повредите е пренесен и задржан во Клинички центар Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.