Штипјанец се обидел да силува поп

Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице.

Настанот се случил откако попот и клисарот заѕвонеле на  вратата за да направат претпразнично светење со вода, објавува локалната ТВ „Стар“.

Според телевизијата, штипјанецот кога отворил врата видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал.

Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон. Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.

Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но штипските полицајци го потврдуаваат случајот, дополнува во својата информација ТВ „Стар“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.