Штипјанец се запалил во својот дом, заврши на Ургентно

Постар штипјанец е пренесен на Ургентно во Скопје откако се здобил со изгореници во пожар кој самиот несвесно го предизвикал.

Шеесет и осумгодишниот М.М. добил тешки изгореници во пожар што синоќа самиот ненамерно го предизвикал во неговата куќа во  штипската населба „Македонка“, пренесе полицијата.

Поради сериозноста на изгорениците, од прв, втор и трет степен, М.М. од штипската болница е пренесен на скопските клиники.

Старецот од куќата која горела бил извлечен од страна на пожарникарите.

Се утврдуваат причините за пожарот кој можел да го чини живот.