Македонија,Крими хроника

Штипјанец убиен со седум куршуми во скопски Аеродром

Штипјанец убиен со седум куршуми во скопски Аеродром

Педесет и двегодишен штипјанец е убиен вчеравечер во скопската населба Аеродром.

Според првичниот извештај на полицијата од болницата каде што бил префрлен, штипјанецот бил погоден со седум куршуми во пределот на стомакот.

Лицето живеело во зградата каде што се случил инцидентот. Веднаш е префрлен во болница.

Од местото на убиството се земени траги кои се предадени на натамошно вештачење и во тек се активности за утврдување на идентитетот на сторителот, како и на мотивите за извршеното убиство.