Македонија,Крими хроника

Штипјанец загина во Шпанија

Штипјанец загина во Шпанија

Триесет и тригодишниот Сашо Коцев од штипско Ново Село загинал минатата недела во сообраќајна несреќа во Валенсија.

За инцидентот е известена и македонската амбасада која контактирала со државните и општинските власти, пренесува ТВ Стар.

Според неофицијалните информации кои се зборуваат во Ново Село, Коцев загинал во бизарна сообраќајна несреќа. Негов близок другар кој се враќал во рикверц со товарно возило го прегазил.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.