Штипјани добија ново шеталиште покрај Брегалница и најголем паркинг

Денеска беше промовирано новото шеталиште за штипјани покрај реката Брегалница, и новиот паркинг, кој според површина е најголем во Штип. Проектот опфаќаше конструкција на тротоар за пешаците, паркинг простор кој освен за паркирање, заради големината може да биде искористен и за настава во природа за децата од градинката „Астибо“, конструкција на атмосферски одвод, скалила и пешачка патека на брегот од реката Брегалница како и поставување на канделабри, клупи и целосно хортикултурно уредување.

„Ова е проект кој го подаруваме најмногу на децата од граиднката „Астибо“, која е една од најдобрите во Македонија. Заради катноста на објектот, немаа простор за настава во природа, заради шт, со конструкцијата на паркингот, добиваат голем простор за престој на отворено, а со урбаното уредување на кејот на река Брегалница, во должина од неколку стотина метри, кое е хортикултурно уредено, реката е побликсу до нив. Голема благодарност до двете јавни претпријатија, „Исар“ и „Стипион“ кои несебично работеа се да биде на свое место и овој некогаш запуштен простор да биде претворен во нешто убаво. Овде нема да заврши проектот, бидејќни тротоарот ќе продолжи се до штипската касарна и Домот за стари лица кој наскоро ќе се гради. Сакам да најавам, дека наскоро започнуваме и со конструкција на печашка патека во должина од над 5 километри, која ќе почнува од камениот мост, ќе води зад тврдината Исар, па се до бањата Кежовица, со што ќе го уредиме и овој дел на Штип,“ изјави на отворањето градоначалникот на Штип,Илчо Захариев.

Вредноста на проектот е околу 40.000 евра. Паркингот освен што е убав за децата од градинката, го урбанизираше и влезот на Штип, кај Емир Ќучук Султановиот мост и отвори можност за сообраќајно решавање на проблемот при оддржување на „Пастрмалијадата“ од другата страна на мостот кај крстосницата Дујле. Минатото лето, беше уредена едната страна на река Брегалница, со пешачка патека, клупи и хортикултурно уредување, а оваа година се работеше на другата страна. Освен ова, освежена е и дел од фасадата на детската градинка со нова боја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.