Штипјани повторно имаат безбедна вода за пиење

Граѓаните на Штип од денеска можат да ја користат водата за пиење од водоводниот систем. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека водата е безбедна согласно правилникот за води, а анализите кои се направени од Центарот за јавно здравје покажуваат дека таа е хемиски и бактериолошки исправна, јави МИА.

– Во текот на изминатите денови постојано бевме во координација со државниот Кризен штаб, при што добиваме и насоки, а со градоначалникот, Илчо Захариев успеавме по пат на донации да обезбедиме 40 тони вода за граѓаните во сите населби. Исто така, сите населени места ги снабдуваме и со вода преку цистерни – вели Бојаџиев.

Тој додава дека веќе се санирани и штетите од поплавите. Колекторот кој беше во дефект веќе е саниран, а екипа на „Исар“ денеска работи и на санирање на пумпите во штипското село Лакавица и покрај тоа што овој систем не е под надлежност на комуналното претпријатие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.