Штипјани сакале да пазарат со фалс пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(22) и А.Н.(24) двајцата од Скопје  поради сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавените во текот на месец април 2015 година на неутврден начин прибавиле 29 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари со намера истите да ги пуштат како вистински. На 30.април во Свети Николе при намерата така прибавените фалсификувани банкноти да ги протурат биле откриени од страна на полицијата која извршила преглед на возило „Опел Корса“ и при извршениот преглед на лицата и возилото ги пронашле наведените банкноти.

При извршените анализи било потврдено дека сите банкноти се фалсификувани.

Лицата биле приведени и од страна на судија им е одреден куќен притвор во времетраење од 30 дена.