Крими хроника

Штипјанка направила крш во Социјално, бидејќи не и’ дале парична помош

Штипјанка направила крш во Социјално, бидејќи не и’ дале парична помош

Штипјанка вчера нападнала вработена во Меѓуопштински центар за социјални работи во Штип, откако ѝ кажале дека нема да ѝ доделат едократна парична помош, соопшти полицијата

Ш.С.(44) од Штип побарала да ѝ се исплати еднократна  парична помош, а откако ѝ било кажано дека не може, почнала да вика, ја нападнала вработената Н.П.(37) и почнала да крши предмети и прозорци во центарот.

Била повикана полиција, која ја привела, а по документирање на случајот, ќе ѝ поднесе пријава.