Македонија,Крими хроника

Штипска докторка „на диво“ заработила над 4,5 милиони денари

Штипска докторка „на диво“ заработила над 4,5 милиони денари

Штипска докторка работејќи без дозвола од Министерството за здравство си заработила над 4,5 милиони денари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 64-годишната Р.У. од Штип доктор специјалист по медицина на трудот во ПЗУ Д-р Ружа Штип поради постоење на основано сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба.

Во првиот случај, пријавената во периодот од јануари 2012 година до март 2014 година противзаконито извршувала општа пракса како матичен лекар и наплаќала парични средства на име капитација од фондот за здравствено осигурување иако со Решение од Министерството за здравство и била одземена дозволата за работа по општа медицина

Во вториот случај пријавената во периодот од мај 2013 година до март 2014 година во повеќе наврати со 21 правно лице склучила договор за вршење на систематски преглед на вработените без да поседува дозвола за работа од Министерството за здравство.

Во двата случаја пријавената овозможила ПЗУ Д-р Ружа да се стекне со противправна имотна корист од 4.537.684 денари, при што за истиот износ му нанела штета на Фондот за здравствено осигурување , односно на Буџетот на Р Македонија.