Штипската зоолошка побогата со уште една лама

Иако штипскиот ЗОО парк беше отворен пред околу еден месец, континуирано пристигнуваат нови животни.

Од вчера, во ЗОО паркот е донесена лама, која денес се породи. На свет донесе мала, машка лама.

Веднаш бил повикан ветеринар од штипската ветеринарна станица, кој ја надгледувал целата ситуација и обезбедил соодветна нега за малата лама која се роди во паркот:

– Почнавме со дваесетина животни, а во очекување сме на уште неколку животни. Ги очекуваме мајмуните, веќе добивме и јак и антилопам, но за крволочни животни засега не знаеме дали ќе ги има. ЗОО паркот за штипјани е пријатно изненадување и веќе имаме над 5000 посетители. Само за еден викенд ни се случи масовна посета од над 1000 луѓе. Службите на ЈП „Исар„ се грижат вза животните, ги чистат и одржуваат живеалиштата, обезбедена е храна и надгледување пд страна на Ветеринарната станица со која имаме договор за соработка. Малата лама која дојде на свет токму во ЗОО паркот е пријатно изненадување за сите нас и тоа е добар знак, изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар”.

Не е познато како ќе се вика малата лама, но таа сигурно ќе биде атракција во Штип. Најмалите се радуваат најмногу на дивата свиња и на срната а со нетрпение ги очекуваат и мајмуните. И во јануари нема да има наплата на влезници а за понатаму ќе се анализира состојбата. Доколку биде воведена влезница, таа ќе биде минимални 10 или 20 денари и парите ќе бидат наменети за оддржување на објектот и за набавка на храна за животните