Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад

Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад

ЈП „Исар“ од Штип отвори погон за селекција и складирање отпад. Погонот е со тенденција да прерасне во фабрика за селекција на пластика, хартија и лимена амбалажа. Објектот е лоциран на булеварот „Партизанска“ близу ООУ Тошо Арсов.

Иако скромно, машините кои се набавени и постапката најавуваат амбициозен план кој ветува проширување на капацитетите.

Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад
Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад

На отворањето на погонот, градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев кажа:

-Морам како прво да ги пофалам вработените во јавното претпријатие и раководството за огормниот ангажман. Иако почетоците се скромни, јас сум убеден дека сме на прагот на една голема и важна работа за Штип. Оваа фабрика за селекција на отпадот е можност ЈП Исар да генерира профит од отпадот, од една страна, а од друга да го чисти грсдот од комуналниот отпад. Јас би бил најсреќен кога секој граѓан ќе го фрла отпадот на вистинското место и кога ние како град би имале услови да ставиме на секое можно место различни контејнери за различен вид на отпад. Тоа би било најдобро решение, но секако во овој момент тоа не е можно. Граѓаните треба да научат дека отпадот се фрла во контејнер и ако вработените на ЈП Исар го преземат од таму, тие веќе многу им помогнале. Ако секој граѓанин фрла по еден килограм отпад дневно, може да се види за колкава количина станува збор. Барем половина од тој отпад е селективен, може да се преработи и со тоа да се помогне во идејата за почист град.

Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад
Штипски Исар отвори погон за селекција и складирање отпад

Директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев кажа дека иако почетоците се скромни, сепак имаат визија за успешна работа на оваа фабрика:

– Инвестицијата изнесува 40.000 евра, од кои над 20.000 евра се за двете работни машини. Ова го правиме со голема помош на општината, на „Пакомак“ кои веќе неколку години се наши партнери и донираа голем број на пластични садови за селекција на отпад. Нашата намера е профитот да се реинвестира, да се купат нови машини, да се прошируваат капацитетите и со тоа да направиме услови з апочист град. Ваквите погони се мошне важни за влез на една земја во ЕУ и ете , ние го правиме првиот мал, но многу важен чекор.

Погонот се состои од две работни мачини: подвижна лента на која се поставува пластичниот отпад и преса која истиот го пакува. Капацитетот на машините е голем, зависи од отпадот кој ќе се донесе но во секој случај дневно можат да се пакуваат еден тон на пластична маса. Според него, во следниот период, волонтери ќе ги посетат семејствата низ градот и ќе им ја појасната полезноста и важноста за рециклирање на пластиката.