Штипскиот поп физички нападнат, а клисарот полово?

Штипската телевизија ТВ Стар првично објави дека 39- годишен штипјанец вчера  во населбата Сењак  се обидел да силува свештено лице.

Според нивните информации настанот се случил откако попот и клисарот поѕвониле на  вратата за да направат претпразнично светење со вода. Во истиот момент штипјанецот го вовлекол свештеното лице во куќата.

Од полицијата пак информираат дека не станува збор за полов, туку за физички напад. Според информациите од МВР, во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути 24-годишниот Д.Д. од Штип пријавил дека во стан, 39-годишниот В.Ѓ бил киднапиран, откако заѕвонил на една од вратите во станбена зграда во Штип и од станот излегло  непознато  машко лице по што веднаш  насилно го внело и ја заклучило вратата. Насилникот му упатил сериозни закани по живот.

Екипи на Итна медицинска помош и пожарникари од Штип влегле во станот, по што било утврдено дека се работи за В.Ѓ. по што истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница каде му била укажана помош.

Од СВР Штип демантираат дека се случил полов напад, но неофицијално, во Штип се зборува дека сепак било нападнато свештено лице, но оти не бил нападнат попот, туку клисарот.