Штипскиот Универзитет и ЕВН Македонија ја продлабочуваат соработката

ЕВН Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ќе ја продлабочат научната, апликативната и техничката соработка меѓу двете институции.

Ова е договорено на работната средба на претседателот на Управен одбор на ЕВН Македонија,Вернер Хенгст и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Саша Митрев.

Предвидената соработката ќе значи заеднички проекти и практична настава на студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, во капацитетите на ЕВН Македонија.

Од компанијата информираат дека ЕВН Македонија, веќе има долногодишна соработка со Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, „Св. Климент Охрдиски“ од Битола, „Универзитеот на Југоисточна Европа“ од Тетово, и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

ЕВН Македонија најавува дека ќе продолжи да ги поддржува студентите од студиските насоки за електро-енегетски системи, кои ќе имаат можност да бидат дел од програмите за стипендирање, пракса или Trainee програмата на ЕВН Македонија