Штипските угостители ќе се едуцираат за ХАССП системот

Согласно Акцискиот план за поинтензивно воведување на HACCP системот во угостителските објекти, претставници на  Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска, во Штип ќе ја реализираат петтата работилница “Интензивирање на воведувањето на HACCP системот во угостителските објекти во Република Македонија”.

Работилницата ќе се одржи од 11,00 до 13,00 часот во Општина Штип и на неа ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што НАССР системот пофлексибилно се имплементира.