Штипско студентско фијаско на СДСМ

Едвај стотина  студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одзваа на денешниот повик за протести против екстерното оценување, пренесува порталот „1.мк“.

Тие тргнале од Економскиот факултет а продолжиле долж централното градско подрачје, но одзивот бил слаб, со оглед на тоа што на овој Универзитет во Штип студираат над 17.000 студенти. Студентите се упатиле кон новит Ректорат, но до таму бројката на студенти се преополовила. Сепак, десетина од нив, најавиле дека во 15 часот ќе имат средба со ректорот на штипскиот Универзитет, проф.д-р Саша Митрев.

Горан Стаменков, претседател на Студентсиот Парламент за медиумите изјави дека студентите се изманипулирани бидејќи екстерно ќе нема, туку се зборува за државен испит, кој тие го поддржуваат. Според него, со тоа ќе се направи разлика помеѓу студенти кои полагаат со знаење и оние со пари и дека следат разговори со ресорните институции околу предлогот за државен испит, пишува „1.мк“.

photo 4

 

ova1

 

o

 

l