Што ако Бил Гејтс беше ваш Дедо Мраз?

Еден корисник на Реддит останал шокиран кога дознал дека „Бил“ кој преку овој сајт му бил доделен како таен Дедо Мраз всушност бил Бил Гејтс.

„Помислив дека Бил звучи пријателски“, изјаила Рејчел на Реддит.

„Всушност, имал цела слика за неговиот изглед во главата – кутриот Бил се обидува да се избори со мојата листа на желби преполно со шминка, лакови за нокти и светкави работи. Да бидам искрена, ми беше жал“, вели Рејчел.

Бил Гејтс и подарил кадифена крава заедно со донација за непрофитната организација Хејфер Интернационал и книгата „Journeys of a Lifetime“.

„Прва работа што ја забележав беше кадифената крава. Не знаев дека сум оставила таков впечаток, но возбудена ја додадов на својата колекција мечиња и други слатки животни“.

А, потоа Рејчел ја забележала фотографијата од Бил Гејтс како ги држи нејзините подароци.

„Тогаш сфатив. Сите подароци кои ги добив се од Бил Гејтс! Брзо ја отворив книгата и видов прекрасна порака од Бил во која ми посакува среќни празници и среќен роденден. Бев шокирана“, раскажува младата девојка.

Рејчел исто така сфатила дека направила мала грешка кога на својата листа со желби која му била испратена на Гејтс напишала дека сака и Ајпад.

„Тоа беше навистина незгодно“, вели Рејчел која додава дека подароците од Гејтс биле совршени и е навистина благодарна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.