Штo бара Вучиќ од своите министри?

Премиерот Александар Вучиќ лично ќе ја следи работата на секој член на Владата и ќе бара строго почитување на роковите, а на седниците на Владата исто така за тоа ќе се разговара, велат извори од влдата за српските медиуми. Кој нема да ги исполни критериумите ќе биде сменет.

Сите министри наредните недели ќе добијат јасни задачи и рокови кога треба да ги исполнат.Главните критериуми за оценување на одредени министри, се познати.

„На пример кога станува збор за Министерството за финансии ќе се следи финансиската консолидација, намалување на сивата економија и даночните реформи. За министертсвото за економија клучно ќе биде креирање на бизнис амбиент и колку амбициозно работат на привлекување на нови инвеститори, решавање на проблеми на претпријатијата во реструктирање и зајакнување на приватниот сектор,“ наведуваат од таму.

Во оценката на министрите предвид ќе се земаат и процентот на завршени проекти, за кои се дадени пари. Тоа пред се се однесува на Министерството за сообраќај и инфраструктура и Министерството за енергетика и рударство.

„Доколку се доцни или воопшто не се работи на некој од предвидените работи, ќе се бараат поуспешни луѓе кои можат да го водат министертсвото. Половина година е доволно сосема да се измери времето на секој од членовите на Владата, бидејќи пролонгирањето на работата и некој кој не работи би чинел прескапо за Владата,“ велат од таму.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.