Што е потешко да се прости, емотивно или сексуално неверство?

Мажите и жените се разликуваат по она дали емотивното неверество е полошо или подобро од сексуалното. Сајтот за пронаоѓање партнери „Викторија Милан“ спроведе истражување за тоа што нивните клиенти мислат за неверството, поточно што мислат за сексуалните, а што за емотивните врски. Се покажало дека мажите и жените имаат прилично различни мислења за тоа што може да се прости, а што не.

Истражувањето открило:

Дека 72 од мажите велат дека сексуалното неверство е полошо од емотивното;

Дека 69 отсто од жените сметаат дела емотивното неверство е полошо од сексуалното;

Дури 76 отсто од жените би му простиле на партнeрот сексуален однос;

Само 35 отсто од мажите би и простиле на партнерката сексуално неверство;

Неверојатни 80 отсто од мажите велат дека би и простиле на партнерката емотивна врска со друг маж;

Дури 30 отсто од жените на партнерот би му простиле емотивна врска;

„Многу луѓе бараат љубов, подлабока поврзаност која доведува до вистински чувства, а не само до секс. Кој вид на неверство е поболно, тоа зависи од лицето, а можеби и од полот исто така,“ вели Сигурд Ведла сексолог од споменатиот сајт.