Што гледаат жените во Оланд?

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, пристигнува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, а американските медиуми веќе со денови ги „мачат“ прашања поврзани со љубовта, а не со билатералните односи.

Токму поради тоа се наметнуваат „големите прашања“ дали Оланд на претседателската вечера ќе дојде сам до прашањето „што воопшто гледаат жените во Оланд?“.

„Што воопшто гледаат жените во Оланд?“, се прашува коментаторот на „Блумберг“, прецизирајќи дека станува збор за „низок човек со стомак“, како што го опишуваат и француските новинари: „На својот скутер изгледа како професор по социологија… па зошто тогаш неговите сексуални лудирии продолжуваат да ја фасцинираат интелектуалната елита во Франција?“

За неговиот претходник, Никола Саркози, однесувањето на Оланд е смешно.

Една сограѓанка на Оланд оценува дека Оланд прави „сите Французи да изгледаат како идиоти“.