Што говори обликот на вашите нокти за вас?

Низ вековите постоеле различни начини со кои наводно може да се одреди нечија личност и само со еден поглед. Овие теории и верувања често поврзуваат одредени делови од телото со карактеристиките на некоја личност. Некои луѓе претпоставуваат дека големината и обликот на ноктите може да ја одреди личноста. Постои дури и наука која се нарекува френологија, а која е посветена на анализирањето на карактерните особености врз основа на мерењето на черепот во минатото, а се верувало дека близината на нечии очи сигнализира уметнички талент.

Актуелните трендови се фокусираат врз обликот на ноктите. Првобитно ова толкување почнало да се применува во Азија а потоа брзо се проширило и на Запад. Во принцип се зависи од вас и од тоа колку сте се задлабочиле во читањето, како и од тоа колку навистина верувате во овие работи.

noktiii_2

На фотографијата погоре пронајдете го вашиот облик на нокти и бројот и прочитајте каква личност сте.

  1. Верикален долг нокт – благ карактер, прецизни, фантазери и креативни. Овие луѓе генерално се сложуваат со сите.
  2. Широки нокти – Искрен, не прифаќа глупост, со краток фитил и теоретичар. Овие луѓе секогаш ја говорат вистината, без разлика на се и често на другите им даваат совети.

3 и 4. Округол или елипсоиден облик – овие луѓе се опуштени, единствени, позитивни и разумни. Ѓивеат во свој риатм и не дозволуваат ситници да им го упропастат животот, што значи дека имаат голем број долгорочни пријатели.

  1. Квадратен облик на ноктите – тие се лидери, силни, вешти и храбри. Често се многу сериозни и луѓето ги гледаат како лидери. Сепак тие имаат и мека страна која е резервирана само за блиските луѓе.

6 и 7. Триаголни или инвертни нокти – Паметни, перфекционисти, иновативни, оригинални. Можно е овие луѓе да се генијалци и да размислуваат побрзо од другите, обично другите луѓе се фасцинирани од нив.

  1. Бадемасти нокти – верни, искрени, пријателски настроени, убави. Овие луѓе најчесто се многу љубезни иако цврсто стојат на земјата кога тоа е потребно. Другите уживаат во нивно друштво и го обожаваат начинот на кој тие ги решаваат проблемите.
  2. Нокти во облик на меч – инспиративни, продуктивни, визионери, фокусирани. Тие се фокусирани на долгорочни цели и ја гледаат „пошироката слика“, влијаат на луѓето со наградување и на позитивен начин.