Што и кажа Путин на Меркел?

Претседателот на Русија, Владимир Путин семта дека руските потези во Украина се „тотално примерни“ со оглед на „исклучителната ситуација и заканите на ултранационалистите со насилство“.

Путин својот став го изнел во телефонски разговор с германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Украина, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Според извештајот што пристигнал од Кремљ, Путин и Меркел се согласиле дека ќе продолжат со билатералните и мултилатералните консултации, за да се постигне нормализација на ситуацијата во Украина.

Запдните медиуми наведуваат дека нема потврда од Германија за тој разговор.

Вчера по влегувањето на руските воени конвои во Украина, новоизбраниот премиер на Украина, Арсениј Јаценјук ја обвини Русија за „прогласување на војна“, а во земјата е прогласена опста воена мобилизација како одговор на Русија.

Однесувањето на Русија наиде на остри осуди од западот.