Што и кој е Македонија?

Постои една анегдота за мудроста на Конфучие за градење на државата. На прашањето „Кои се трите најважни работи за една држава“ тој одговорил: „Одбрана, храна и верба во лидерите“. Следното прашање било: „Ако мора да се откаже од една од овие три работи од која прво да се откаже“? Тој одговорил: „Одбраната“. Но, соговорниците продолжиле со прашањата: „ Која би била следната работа од која треба да се откаже, помеѓу преостанатите две работи, доколку мора“? Неговиот одговор бил: „Храна“? На ова сите се изненадиле: „Но, како ќе преживее народот без храна“? Конфучије ги погледнал и им рекол: „Народ без храна ќе се снајде и ќе преживее, но без довербата во своите лидери, загубен е засекогаш“.

Ова мудрост е посебено важна за помалите народи како што е Македонскиот народ, а истата може и да се потврди ако се погледне во неговата историја. Се’ што постигнал Македонскиот народ, со борба или во мир, се должело на степенот во кој ги следел и им верувал на своите водачи. Прифаќањето на оваа мудрост ни овозможува полесно и поедноставно да го разберем и одговорот на прашањето од насловот на текстот.

Што е Македонија? Во периодот пред втората Светска Војна, формирањето и признавањето на државите и на народите се заснова на тоа дали постоеле кралеви и династии, околу кои се формирале заедници на луѓе, народи. Но после втората светска војна, овој принцип бил променет за да се овозможи деколонизацијата, поточно формирање на нови држави на териториите каде големите империи имале своја власт.

Ново воспостваните принципи за признавање на нови држави биле: поседување територија, народ кој е согласен да живее заедно и власт избрана од тој народ, поточно демократски избрана власт. Како Македонија ги обезбеди овие принципи?

На 8 септември 1991 народот на референдум одлучи Македонија да биде независна и суверена држава. Врз основа на него се донесе Уставот, политичко правен акт за општата согласност за принципите за внатрешното уредување на Република Македонија и нејзиниот мирен развој како независна држава. Со овој чин народот ја искажа својата согласност да живее заедно. Сепак во овие две клучни одлуки не учествуваше албанската етничка заедница.

Во 1991 година се спроведоа и првите повеќепартиски избори за формирање на демократска, од народот избрана власт.
Во 1994 година се спроведе пописот на населението под мониторинг на меѓународната заедница и со учество на нивни експерти во неговото спроведување. Со него се верификува изјаснувањето на 67% од населението дека се Македонци, нациналност која соседите ја оспоруваа. Иако во тоа време главниот фокус на сите политички, домашни и странски актери беше ставен на тоа колку е учеството на албанската етничка заедница во вкупниот број на население во Македонија, сепак најголемиот резултат на овој чин беше потврдата што се доби на меѓународен план дека постои Македонски народ.

Иако сите овие клучни одлуки беа донесени по мирен пат, поради оспорувањата од соседите, на Република Македонија и требаше доста време за признавање на овие реалности на меѓународен план. Дури во 1995 година се прифати територијалниот интегритет со приемот на државата во ОН како рамноправна членка. На неа и следеа активности на оцртување на границите на север, бидејќи остнатите три граници веќе постоеја и се признаа како граници на Република Македонија со соседите.

Во бурните времења што дојдоа потоа, во 2001 година, кон принципите на државноста се приклучи и албанската етничка заедница преку Охрискиот Договор и променета на Уставот на Република Македонија. Во овој чин не учествуваше само народот на територијата на Република Македонија, бидејќи Охридскиот Договор го потпишаа и ЕУ И САД.

После 2001 година останува нејасно зошто, и покрај потписот на ЕУ И САД дека е исполнет условот сите граѓани и сите етнички зедници да се согласни да живееат во назависна и суверена Македонија, меѓународната заедница не ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, иако повеќе немаше никој одвнатре и однадвор да се противи на македонската државност.

Во годините што доаѓаа Република Македонија беше изложена на постојани притисоци и обиди за негирање на некои од овие три, меѓународно важечки принципи, на нејзината државност. Грција ја негираше нејзината територија, а Бугарија македонската националност преку негирање на македонскиот јазикот. Но, најсуптилното и најприкриеното негирање секогаш беше демократски избраната власт. Негирањето на првите два принципа се вршеше од надвор и јавно, но негирањето на избраната власт беше одвнатре и секогаш од релевентите политички партии, учесници во изборите. Од 1994 до 1998 година улогата на подривач на овој принцип ја играше ВМРО-ДПМНЕ, а од 2006 до 2015 година оваа улога ја превзеде СДСМ. На ова се надоврзуваа и другите политички партии, особено на партиите на Албанците, кои негирањето на изборот на власта од страна на народот ја фокусираа на функцијата Претседател на државата.

Очигледно е дека непријателите на Македонската држава ја разбираат и успешно ја применуваат мудроста на Конфучие на почетокот на овој текст- да се натера народот постојано да се сомнева или да се откаже од најважната работа за една држава: Вербата во своите лидери.

Кој е Македонија? Во изминатиот период, целокупното внимание на граѓаните во Република Македонија, македонскиот народ и другите етнички заедници, беше преокупирано со барањето за признавање на државноста од другите народи во регионот, европа и светот. Тоа е оправдано за нова држава која сака да избори свое место во меѓународната заедница.

На овој пат одговорот на прашањето Што е македонија и кој е Македонија е ист. Единствено само редоследот на меѓународно признатите принципи е поинаков. Власт избрана од народот, кој недвосмислено ја изразил својата согласност да живее во своја држава на територијата на поранешната држава Југославија. Политичко правен акт за оваа согласност на граѓаните и политичките актери е Уставот на Република Македонија. Политичкиот дел преамбулата на Уставот „Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во незјините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкоот народ и другите, превземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина ……. еднакви во своите права и обврски кон зедничкото добро- Република Македонија, во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 Септември 1991, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна и суверена држава со намера да се воспотави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓански слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда……… преку своите преставници во Собранитето на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори …..

Правен дел, член 2 ,….. Суверенитет на граѓаните … власта ја остваруваат преку демкратски избрани преставници и член 61 -Собранието на Република Македонија е претсавнички орган на граѓаните….. член 3 – Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива…..

Накратко кажано Уставот има одговари и на двете прашања, Што и Кој е Македонија. Сепак после изборите во 2014 година дел од избраните преставници на Македонскиот народ не се придржуваат на овие Уставни одредби. СДСМ не учествува во Собранието на Република Македонија негирајќи ја слободата и демократичноста на изборите, а решението го гледаат во преодна Влада и посредување на меѓународната заедница.

Прифаќањето на предлогот за преодна Влада значи времено суспендирање на член 2 од Уставот на Република Македонија, а со оглед на фактот дека тој Устав е произлезен од Референдумот од 1991 година и Охридскиот Договор од 2001 година, тоа индиректно би значело и суспендирање на нивните одлуки. Дали СДСМ има мандат од своите гласачи, дел од македонскиот народ, за промена на овие одлуки треба да биде јасно одговорено од раководството на оваа партија.

Предлогот за посредување на меѓународната заедница е директно во спортивност со член 1 од Уставот на Република Македонија… Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив, како и со член 2 од истиот Устав …Суверинетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

Значи колку и да изгледа голема загриженоста на СДСМ за иднината на Република Македонија, макар и да е оправдана и аргументирана, многу треба да биде внимателна за ефектите од решенијата што ги предлага. Но, предупредувањата треба да се однесуват и за сите други граѓани, посебно Македонците , за да бидат свесни што можат да предизвикаат ако непромислено стојат зад предлози кои можат да ја однесат Република Македонија во состојбата од пред 1991 година. Нема никој да ни биде виновен, освен ние самите, доколку наместо обезбедување на подобра иднина го изгубиме она што сите заедно го потигнавме досега.

Зошто раководството и членството на СДСМ се оградуваат од тоа Што и Кој е Македонија, а зошто сакаат да предизвикат нова расправа и довогор за Уставните решенија не можам да насетам. Но, не сакам да мислам дека ова го прават свесно и намерно., барем не огромниот број на нивни членови, за кои знам дека се гордеат со државоста на Република Македонија.

Сеуште не е касно да се вратиме на оние принципи кои ни обезбедија, можеби бавно, но постепено и успешно етаблирање на Република Македонија во меѓународната заедница на суверени држави. Иако меѓусебно се напаѓаме, критикуваме а понекогаш и мразиме, сепак никој не може да го избрише и негира придонесот на секоја политичка партија и секој граѓанин во изградбата на македонската државност, ниту пак да ја негира потребата за нивен иден придонес во развојот на државата.

Ова го пишувам поради големата почит и лубов кон сите мои пријатели, кои од различни лични причини се гневни, незадоволни и непријателски настроени кон власта во Република Македонија, но заслужуваат да ги согледаат своите постапки и да бидат свесни за тоа што избираат за своја иднина.

Доколку некој се праша, зошто овој текст не беше порано или да мисли дека сега е предоцна, можам да им кажам само да не се надеват дека негирањето на трите принципи на македонската државност некогаш ќе престанат. Само ќе се менуваат средствата преку кои на суптилен начин крајната цел ќе биде некој од овие принципи за меѓународна стабилност на Република Македонија. Постојано ќе се негира демократијата, избраната власт, македонскиот народ и нејзината територија. Тоа ништо нема да има ефект врз Репубика Македонија ако ние самите не учествуваме и не ги подржуваме таквите негирања. Најбизарното нешто е што за овие негирања ќе се користат барањата за слобода и демократија. Но и едното и другото се прашање на организација на државата. Тие не се идеологија, насока на остварување на национални цели, туку услови за разговор за легитимноста на националните цели на државите на кои и се наметнуваат, И втората поважна работа е дека слободата и демократијата ( право на одлучување за власта) не се колективни туку индивидуални вредности кои не можат на сила да му се дадат на поединецот, туку тој самиот треба да ги поседува. Не може никој и никому да му даде или одземе слобода и демократија, против поединечната волја на граѓанинот, па тоа и да е најмоќниот политички субјект.

Најголема слобода и демократија за поединецот е тој самиот во секоја ситуација самиот да ги донесува своите одлуки, без никакви притисоци и спречувања и најважно од се: Со целосна доверба во себе и лидерите што ги следи.

Автор: Д-р Ристо Иванов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.