Што имало во лаптопот кој се обидел да го уништи синот на Верушевски?

Нелегално прибавени документи, аудио и видео снимки се само дел од материјалите кои се пронајдени на хард дискот во уништениот лаптоп на екс-директорот на ДБК, Зоран Верушевски, во Струга.

Според неофицијалните информации кои денеска ги објави ТВ Сител, дента пред да биде уапсен Верушевски, неговата сопруга издала му издала наредба на синот во Струга да го уништи компјутерот бидејќи во него имало инкриминирачки материјали. Синот на Верушевски поради непознавање на работата на технологијата, компјутерот го искршил со секира, но не го уништил хард дискот кој потоа при претресот е запленет. Покрај снимките внатре биле откриени и голем број на документи од државните институции меѓу кои и од агенцијата за разузнавање.

Во домашниот лап топ на прво осомничениот се криеле целосни анализи на предмети поткрепени со нелегално прибавени аудио записи, начин на работа кој бил спротивен од постапувањето на домашните служби.

Во компјутерот се пронајдени документи како црвсти докази за соработката меѓу Верушевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Дента кога бил уапсен Верушевски била планирана средба меѓу Заев и екс- директорот на ДБК во Струмица, но поради апсењето оваа средба била одложена. Соработник на Заев, Верушевски требал да го чека на влезот на Струмица.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по апсењето на Верушевски, тврдеше дека тие двајца лично не се познаваат.

По апсењето, полицијата трагаше по сопругата на Верушевски, Соња, која во саботата беше пронајдена во станот на треоосомничениот Благоја Палифров. Од нејзиното работно место бил запленет нејзинот службен компјутер.

Денеска во Обвинителството на распит беше екс-директорот на ДБК, Зоран Верушевски. На распитот присуствуваа и бранителите на останатите тројца осомничени.

За Министерството за внатрешни работи, случајот „Пуч“ е приоритет и се работи според сите законски прописи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.