Што кажал организаторот на убиството на Аркан во последното интервју?

Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 – ти јануари 2000-та година во хотелот Интерконтинентал. Заедно со него настрадаа Миленко Мандиќ и Драган Гариќ. За убиството на 9-ти октомври 2006-та година беа осудени извршителот на убиството Добросав Гавриќ, а како соучесници Милан Ѓуриќ Мики и Драган Николиќ Гаги.

И полициските извори и оние од криминалната сфера наведуваат едно име како организатор на убиствотор Зоран Ускоковиќ – Сколе, пишува српски „Њузвик“.

Неколку дена по убиството Ускоковиќ преку заеднички познаник испратил порака до новинарот Војислав Туфегџиќ. Нузвик пренесува што кажал тогаш Сколе и поради што настрадал неколку недели подоцна во заседа.

Судбината на поранешниот претседател Милошевиќ можела да биде сосема поинаква, ако прво Аркан, а потоа и генералите Павковиќ и Лазаревиќ го пронашле огромното богатство што своевремено ги сокриле ајдуците, пишува Њузвик.

Акцијата која била прогласена за воена тајна, на негова жалост, завршила неуспешно. Српскиот магазин пишува дека на југот на Србија има знаци дека нова гарнитура генерали сега има намера да ја продолжи нивната потрага.