Што ќе се случи со Крим?

По немирите што ја потресоа Украина во последно време, сега во преден план излегува прашањето за Крим, коментира германскиот весник „Ди Велт“. На кого ќе избере да се потчини автономната република, на Киев или Москва?

Дали Русија ќе интервенира официјално по ова прашање, се’ уште не е јасно. Сигналите сепак предизвикуваат загриженост. Различни делови од руската армија се потготвени во био кој момент да почнат со дејствување, вклучувајќи ги морските и воздушните сили. Истовремено, министерот за одбрана Анатолиј Антонов нагласува дека не постои закана за Украина.

А во Москва се’ уште има политичари кои го сметаат Виктор Јанукович за легитимен претседател на Украина .