Секс

Што мислат мажите за сексот на првиот состанок?

Што мислат мажите за сексот на првиот состанок?

Многумина ќе речат дека на првиот состанок не треба ни да помислите на секс, освен ако сакате се да упропастите и да немате никакви шанси со тоа момче понатаму.

Верувањето дека жените со сексот на првиот состанок ја упропастуваат секоја шанса, момчето утредента да ги повика е вообичаено. Но, според магазинот „Psihology Today“ луѓето премногу се оптеретуваат со такви работи.

-Вашата сигурност секогаш би требало да ви биде приоритет, а ако немате проблем со тоа, тогаш не би требало да ви биде срам затоа што сте дејствувале толку брзо. Тоа сте го направиле затоа што сте се чувствувале добро, отворено, страствено и живо, се вели во текстот.

Ако сте загрижени за тоа што ќе мисли тој за вас, текстот вели дека на поголемиот број мажи тоа воопшто не им претставува проблем за другиот ден повторно да ве побараат.

-Тоа навистина не е важно. Ако не прашувате нас мажите, нам навистина ни е подобро да спиеме со вас колку може побрзо и нема да го мислиме за вас она што вие мислите. Поентата е дека ако ни се допаѓате и понатаму ќе се гледаме со вас. Девојките мислат дека нештата може да пропаднат затоа што премногу рано прифатиле секс и дека тоа е изговорот, но вистината е дека постојат многу други причини зошто не успеало, се вели во текстот.

Што мислите вие?