Што можеме да вклучиме преку мобилен телефон дома?

Што се’ може да вклучите или исклучите дома со својот смарт мобилен телефон, кога сте излезени?

Стави тука какви се’ можности постојат, и потоа напиши што од тие можности ги има тука во Македонија, колку пари чини тоа задоволство, и според парите дали може широка народна маса да ги ужива тие благодите или остануваат играчка за богатите.

Велешката компанијата „Леов“ го промовираше првиот smart бојлер произведен во светот кој може да се вклучува преку мобилен телефон. Сопствениците очекуваат дека за бојлерот ќе има голем интерес, бидејќи во денешно време ретко има човек дома за физички да вклучи или да го исклучи.

Но, освен бојлер, преку мобилниот телефон дома може да се вклучи речиси се, преку системите smart house или паметна куќа.

„Преку мобилен телефон можете да вклучите алармен систем, парно, бојлер,светло надвор и внатре, шпорет, да отворите главна капија. Се е поврзано со софтвер на мобилен,“ велат од компанијата Дифенс.

Оттаму додаваат дека системот функционира на тој начин што мобилниот телефон преку статичка IP адреса се поврзува со IP модул на компјутер во објектот и се се одвива преку свич рутер. Објектот мора да има интернет, но доколку нема, тогаш поврзувањето е преку GSM модул со SMS пораки.

Преку смарт системот може да се вклучи клима, грејачи за во базен, ролетни, односно се што е поврзано со струја или има некакви сензори.

„Бојлер може да се вклучи и исклучи преку мобилен телефон и преку реле кое се инсталира во бојлерот.Буквално функционира преку сим картичка.Ние тоа одамна го правиме низ домовите. Преку мобилен телефон може да се вклучи се што е поврзано со струја или што има некаков сензор. Се повеќе се барани овие системи и се поголем број на станови и куќи во Скопје, веќе ги имаат,“ велат од Линк солушн.

Овие паметни системи се повеќе се бараат и се изведуваат во куќи и станови во Скопје. Нивната цена за основен модел чини 1500 евра, а најкомплицираните во зависност од функциите кои ги имаат може да достигнат цена до 10 илјади евра. Но за максимална функционалност во резеденцијални вили од 1000 метри квадратни, цената може да изнесува околу 25 илјади евра.

Сепак просечна цена изнесува окулу 2500 евра или околу 25 евра по метар квадратен за станбен објект.Според искуството на домовите кои го користат, со системот се заштедува потрошувачката на електрична енергија така што за неколку години системот се отплатува.

Системот паметна куќа може да се вгради во готовите стамбени објекти кои се веќе во функција. Но,мпоради минимизирањето на трошоците и максималната оптимизација на системот како и лесна оптимизација на системот со останатите системи во објектот, најпрактично е системот да се планира во проектната фаза.

„Многу често сопственици на животниот простор се луѓе кои малку време поминуваат во него, најчесто поради големата деловна динамика и барања на деловната кариера. Времето кое го поминуваат во својот дом сакаат да го поминат што поквалитетно и по содржајно. Имавме клиент кој има куќа од 130 метри квадратни во една елитна населба во Скопје кој изрази желба да му се направи проект и интеграција на системот на автоматизација кој ќе му овозможи да од една страна додека е во домот, на едноставен начин, со едно притискање на копчето од далечинскиот управувач, ја подеси атмосферата во зависност од неговото расположение и активности, а да од друга страна кога е на пат да има целосен увид во станот и опремата и да може да иницира некое сценарио,“ пишува на веб страната на МТ-ЕЦ проект.

Со еден збор паметните куќи се прилагодуваат да современиот начин на живот на човекот кој иако се помалку време поминува дома, сака да контролира што се случува дома.