Македонија

Што не му се оствари на Жоро што е толку против Владата?

Што не му се оствари на Жоро што е толку против Владата?

Иронично но сепак вистинито, оние кои на мегафони говорат дека им е загрозена слободата на изразување и тврдат дека се мета на говор на омраза, вчера беа првите кои искажаа говор на омраза и неразумен гнев.

Ѕверови, калифат, исламска држава, сечат глави, го сотрат семето на слободата беше дел од вокабуларот на уредникот на Фокус Зоран Димитровски во говорот кој го одржа  вчера пред Владата. Димитровски непречено го кажа своето мислење и немаше никаква консеквенција, наспроти тврдењата дека Македонија не е слободна држава, но што всушност се крие зад ваквиот говор на омраза?

Во фелата се говори дека Зоран Димитровски – Жоро во времето кога бил главен и одговорен уредник на Дневник, а кој своевремено беше остар критичар на работата на СДСМ и јавно застануваше во одбрана на дел од политиките на Владата за што постојат и негови написи, се обидел таквата подршка да ја материјализира за своја сопствена корист, па  испорачал одредени барања, кои поради нивната непринципиелност и неразумност не биле исполнети, па така оние кои подобро го познаваат ќе речат дека зад вчерашниот настап на Жоро и неговото членување на одборот за ослободување на Кежаровски се крие всушност неговата лична фрустрација од неисполнетите планови и барања. Или пак она што Жоро не го најде кај власта очигледно како ветување па макар колку и тоа да не е принципиелно го најде во опозицијата и СДСМ, пишува порталот Курир, пренесува Нетпрес.

Низа примери покажуваат што говореше Димитровски во времето кога беше уредник на Дневник. Тој вчера изјави “кастрат медиуми, затвораат слободумни луѓе”,  но во колумна за весникот Дневник во време кога тој беше главен уредник на 14 мај 2011 насловена „Фејк борци за медиумска слобода за затворањето на А1 ќе напише “целта беше легитимна”.

Една недела претходно, исто во Дневник, Зоран Димитровски за партијата на власт ќе напише- “ВМРО-ДПМНЕ наметна сериозно политичко темпо од претходните изборни циклуси со детално разработена економска и политичка програма со рокови и носители, како и отчетни извештаи за постигнатото по завроувањето на мандатот“. Сегашниот уредник на „Фокус“ во колумна напишана на 2-ри септември 2011 година во која го разработува соодносот на медиумите и партиите пишува дека СДСМ е во водство во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но каде е навистина Македонија со слободата на медиумите? И зошто се крева толку многу џева? Е па вака. Ако сакате грубо опозицијата е во водство, напиша Жоро.

Димитровски на 17-ти јуни 2011-та година, исто така во Дневник напиша “СДСМ е претворен во организација која е наркозависнички навлечена на Бранко Црвенковски“.

-Б.Ц на СДСМ му е ЛЦД, кокаин. СДСМ кризира до кома кога го нема Црвенковски.. Наследник не е пронајден по негова желба, се разбира и покрај кадровскиот арч на Бучковски и двократно на Шекеринска…. кој да се обиде ќе заврши со нож во грбот и со пораз како 2006та ако се истопори како Рада 2008та ќе заврши трагикомично, пишува Димитровски. За разлика од тогаш, вчера Жоро пред Владата се појави рамо до рамо со Радмила Шекеринска и Зоран Заев да протестира.

На 22-ри јули истата година, Димитровски за првиот човек на СОРОС Македонија и главен финансиер на активностите на опозицијата и нивните медиуми Владимир Милчин напиша:

-Владимир Милчин, режисер и општественик, деклариран борец за отворено општество во Македонија делител на 5 милиони евра ката година од почетокот на 90 те за развој на слободоумни медиуми, за демократија, за права на малцинствата и маргинализираните групи… со пари на милијардерот Џорџ Сорос унгарски Евреин кој заработи на комар против фунтата и други светски валути.

Кога Димитровски стана уредник на Дневник, Плусинфо на Бранко Героски ќе напише-“Жоро од жесток критичар на премиерот Никола Груевски, како заменик главен уредник на неделникот „Фокус“, дојде во „Дневник“ и за волја на вистината, радикално ги промени своите ставови“

Својата додворувачка политика спрема власта, Зоран Димитровски ја докажа и во интервјуто со премиерот Никола Груевски на Миленко Неделковски Шоу, каде од снименето може да се види како беспоговорно клима на она што го говори Груевски и му изјавува дека има предност 2 спрема 1, но и изјавува дека СДСМ ќе молат да се вратат.