Магазин

Што профил фотографијата кажува за вас

Што профил фотографијата кажува за вас

Фотографијата од Фејсбук профилот многу кажува за сопственикот на профилот. Со помош на сликата од профилот го претставуваме своето име и презиме во Фејсбук заедницата. Таа фотографија можат да ја видат сите. Поради тоа таа внимателно е одбрана. Што нејзината слика на профилот зборува за неа?

Црно-бела фотографија

Сите знаеме дека на црно-бела фотографија поубаво изгледаме. Посериозно. Поубаво. Поинтересно. Некако сме арт. А таков впечаток таа и сака да остави. Ако станува збор за убава слика, девојката е префинета. Но имајте на ум – нејзе првиот впечаток и е многу важен. Девојката сака да остави добар впечаток.

Фотографија со очила за сонце

Се гледаме, но всушност никој во целост не не гледа. Затоа што ги криеме своите очи, а знаеме дека сепак тие се главни на лицето на секое лице. Таа сака да изгледа кул и таинствено. Или едноставно е нефотогенична, а рака на срце, сите убаво изгледаме со очила за сонце.

Слика со лик од цртан филм или стрип

Смешкајќи се гледа во својата маица со Мики Маус. Ја гушка големата Хело Кити играчка. Таа е заиграна и весела. Но, можеби помалку наивна.

Слика со домашно милениче

Таа го обожува своето маче или кутренце. Имајте на ум дека морате да бидете мили и на нејзиниот домашно милениче. И особено морате да ги сакате животните.

Полугола фотографија

На прв поглед секако е примамливо, но таквата девојка очајнички бара внимание. Фотографиите каде се само во костим за капење е ставена за да се лајкува и сопственичката повторно да чита убави комплименти. Големо внимание посветува на надворешниот изглед. Нејзиниот.

Слика како за пасош

Девојката можеби и изгледа слатко на таа слика, но има нешто одбојно во тоа укочено држење. Сепак Фејсбук пред се е забава. Постојат две објаснувања – не сака да се слика и тоа е единствена фотографија која ја има или таа навистина е укочена па мисли дека тоа е забавна фотографија.

Слика од забава

На фоторафијата ја гушка пријателката, а во другата рака држи коктел. Таа сака да се забавува. Или барем сака да остави таков впечаток. Во голем број случаи станува збор за убав спомен од добро излегување и драги пријателки.

Обработена и укарсена слика

Нејзиното лице во нијанси на сини тонови, срценца на сите страни и некои лигави стихови околу нејзината глава. Таа сака да ги следи трендовите, но при тоа не е креативна туку повеќе копира. Сака лигави и романтични работи.

Смешен натпис

Ако се насмеете на знакот, целта е постигната. Лицето е забавно и не ги сфаќа сите работи премногу сериозно. А секогаш можете да мислите и дека таа не е убава па се крие позади нејзинот хумор.