Што се’ може да се најде во храната: Бурек со црви, кифли со бубашваби

Бубашваба во кифла, црви во бурек со месо, мува во лиснато тесто, расипано млеко, јајца и риба се само дел од „специјалитетите“ што ги купиле граѓаните во Скопје и во другите градови, пишува весникот „Дневник“ во денешното издание.

„Дневник“ пишува дека до Агенцијата за храна и ветеринарство односно до Одделението за заштита на потрошувачи од почетокот на годинава до сега пристигнале 190 претставки од кои 70 отсот биле основани.

Од Одделението за весникот велат дека граѓаните многу често поднесуваат претставки за одредени ресторани поради сомневање дека се служи расипана храна која може да им предизвика труење.

„Инспекциските служби на Агенцијата постапија по сите поднесени преставки, донесени се 56 решенија, извршени се 39 едукации, покренати се осум прекршочни пријави, наплатена е глоба на осум правни субјекти и уништени се 9.720 килограми небезбедна храна“, велат во Агенцијата.